Слушнете колку морничаво звучи една црна дупка во вселената (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


НАСА на својот Твитер профил објави видео од тоа како морничаво звучи една црна дупка, чиј звук се прекршува од галаксиите кои кружат околу неа. Звукот не бил обработуван туку само била крената звучноста на 58 октави во процес наречен „сонификација“.

„Заблудата дека нема звук во вселената доаѓа од фактот дека поголемиот дел од вселената е вакуум, низ кој не може да патуваат бранови. Јатото галаксии има толку многу гас што го снимивме вистинскиот звук. Овде тој е засилен и измешан со други адитиви за да се слушне црната дупка“, напишале од НАСА под видеото.