Австриските надлежни инстанци го негираат наводното убиство на Наталија Вовк во Австрија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако австриското издание „Експрес“ ударно ја објави веста дека Наталија Вовк, осомничената за убиството на Дарја Дугина, е пронајдена мртва, овие наводи не беа потврдени, туку беа негирани од австриското МВР.

– По консултации со нашите колеги од Управата за државна безбедност и разузнавачките служби, можеме да ве информираме дека таков случај не е познат во Австрија. Затоа, не можеме да ја потврдиме точноста на оваа информација – соопштија од прес-службата на австриските министерства како одговор на барањето да се потврдат или демантираат информациите наведени во написот на Експрес.

Претходно, на социјалната мрежа Телеграм и на некои медиуми се појави информацијата дека Вовк е убиена со 17 убоди од нож, а дека ќерка и исчезнала, Овие информации ги реобјави австрискиот портал Експрес.

Руските служби ја сомничат Вовк за убиството на Дарја Дугина(29), руска новинарка и ќерка на познатиот филозоф Александар Дугин, поддржувач на Путин кој многумина го сметаа за идеолог на Путинизмот.

Дугина загина ноќта на 20 август, кога автомобилот во кој требаше да се наоѓа и нејзиниот татко експлодирал на автопатот Можајск во областа Одинцово во московскиот регион. Александар Дугин вели дека таа била целта на убијците, а не тој.

„Сè беше насочено да ја убијат и, во принцип, тука немаше грешка“, вели Дугин.

Инаку, тој се залага за идејата за нова руска империја во која ќе влезат и делови од Украина. Русите се заканија дека ќе ја одмаздат Дугина.