Слушнете го инспиративниот говор со кој Меси ги мотивираше соиграчите да ја освојат Копа Америка 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси во 2021 година конечно успеа да освои голем трофеј со селекцијата на Аргентина, Меси ги предводеше „гаучосите“ до трофејот на Копа Америка.

Аргентина во финалето го победи Бразил со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Анхел Ди Марија во 22. минута. Во средата на „Нетфликс“ беше објавен документарен филм за победата на Аргентина на овој турнир кој се одигра со една година доцнење поради пандемијата со коронавирусот.

Посебно на социјалните мрежи сега е објавена снимка од говорот кој го држи Меси пред своите фудбалери на неколку минути пред финалето на „Маракана“.