Славниот актер собра тип кој автостопираше и го префрли – СО ХЕЛИКОПТЕР!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скот Хилдебранд, кој автостопираше во австралиски Бирзбејн, имаше огромна среќа кога беше забележан од славниот актер Крис Хемсворт кој одлучи да го качи и да го префрли – со приватен хеликоптер.

Скот, кој инаку е музичар од Чикаго кој во Австралија допатувал од Мексико, не можел да верува што му се случува. Крис Хемсворт и неговиот личен тренер, Лук Зоки, го забележале како автостопира и одлучиле „да го соберат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Hemsworth (@chrishemsworth) on

„Само што слетавме во Бризбејн и видовме тип како автостопира за Бајрон“, се слуша на почетокот од снимката гласот од Лук, која Хемсворт ја објави на Инстаграм. „Ние одиме за Бајрон, па ќе го префрлиме“, се вметнува во муабетот славниот холивудски актер.

„Но, она што не го знае тој е дека ние одиме со хеликоптер“, продолжува Лук. „Можеш да дадеш за гориво, 4.000 долари“, се шегува Хемсворт пред да му откријат дека ќе летаат.

Скот за водителката Сузи О’Нил откри дека тоа му било прво автостопирање и дека немал поим кој е Хемсворт, додека не стигнале до хелиодромот.

„Бев на аеродром во Бризбејн и се обидував да стигнам до Бајрон, па помислив дека би можел да автостопирам. Всушност, никогаш претходно немав патувано автостоп“, вели тој во радио-емисијата од водителката.

„Одеднаш стигнавме на хелиодромот. Ме праша: Дали некогаш си летал со хеликоптер, Скоти? Не можев да си поверувам на тоа и се прашував кои се тие луѓе“, додава Скот.

„Лук ми кажа дека тоа е Крис Хемсворт, познатиот Тор, а јас не можев да си поверувам“, се потсетува. „Беше прекрасно. Видовме китови и делфини. Беше магично“, го опишува тој летот.