Славната Шинед О’Конор ги промени верата и името


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Популарната пејачка Шинед О’Конор ги изненади своите обожаватели со промената на нејзината вероисповед и премина во ислам.

На Твитер пејачката објави и своја фотографија на која е со хиџаб на главата, известувајќи ги пријателите и обожавателите дека отсега натаму нејзиното име е Шухада Давит.

„Гордо објавувам дека станав муслиманка. Ова е природен заклучок на било кое интелигентно теолошко патување. Сите проучувања на светите книги водат кон исламот, поради што другите свети книги се излишни и вишок. Ќе имам и ново име. Ќе се викам Шухада“, напиша таа.

Исто така, пејачката објави и видео на кое учи езан, муслимански повик на молитва.

„Ова е мојот прв обид за пеење езан. Некои зборови ги изговарам погрешно бидејќи ме совладаа емоциите, но ме чекаат уште стотици други обиди“, коментира пејчката на видеото.

Шинед, инаку, е позната критичарка на католичката црква. Уште во 1992 година, за време на гостувањето во емисијата Saturday Night Live, ја искина сликата од папата Јован Павле II, а папата Бенедикт неколку години подоцна го критикуваше поради прикривање и заташкување на сексуалната злупотреба на деца.

Во август оваа година, од папата Франциск побара службено да ја екскомуницира од католичката црква, пренесе Irish Central.

Минатата година О’Конор доживеа тежок нервен слом, за време на кој призна дека била склона кон самоубиство, а слични испади имала и порано.