Што го кочи договорот помеѓу Марсијал и Јунајтед и дали ПСЖ и Јуве можат да го „украдат“!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сагата околу новиот договор на Антони Марсијал се уште е актуелна. Иако во летниот преоден рок беше решен да замине од „Олд Трафорд“, сепак Французинот сега е блиску до нов договор.

Марсијал во летниот преоден рок беше незадоволен од својот статус, одбиваше да го продолжи договорот, бараше трансфер, но сепак остана на „Олд Трафорд“ и во последно време се врати во првиот тим.

Последните информации од Островот се дека Французинот сепак одлучил да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, но сепак има нешто што го кочи ставањето на неговиот потпис.

Имено, Марсијал од клубот бара скоро двојно поголема плата. Тој во моментов заработува 85.000 евра неделано, а бара зголемување од 170.000 евра неделно. Раководството пак смета дека тоа е премногу и му нуди нешто пониска плата.

Во меѓувреме Јувентус и ПСЖ внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да го „украдат“ Французинот.

Сепак, во моментов многу поголеми се шансите 22-годишниот напаѓач да потпише нов договор, отколку да ја промени средината.