Швимер со смешно видео на социјалните мрежи вели: Не крадам, ниту пивово не го украдов… (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полицијата во англискиот град, Блекпул објави фотографија од момче осомничен за кражба во ресторан, а корисниците на социјалните мрежи веднаш ја воочија слиноста до Дејвид Швимер кој јавноста го памети по улогата на Рос од серијата Пријатели.

Фотографијата стана вирална, шеги стигнуваат од сите делови на светот, а на крајот реагираше и Швимер и тоа ниту помалку и повеќе со шега. Имено, тој снимил видео во кое се оградува од оваа кражба, а во исто време ги насмеа бројните фанови.

„Полицајци се колнам дека тоа не бев јас. Како што можете да видите, бев во Њујорк. Полицијо од Блекпул ви посакувам среќа во истрагата“, напиша Швимер под видеото на кое се гледа како изнесува пиво од продавница.

Британската полиција порано потврди дека Швимер не бил во Обединетото Кралство на 20. септември, на денот кога е направена кражбата во еден ресторан.