Купиле друштвена игра за 2 долари, се шокирале од тоа што го нашле во неа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Млад пар од Австралија најде шест дијамантски прстени во кутијата во која беше спакувана друштвената игра која ја купија за само два долари.

27-годишниот Крис Лајтфут и неговата девојка Менди Флак, кои се преселија од Сиднеј во Торонто оваа година, купиле збирка загатки под името Mind Trap со цел да имаат што да играат за време на семејниот одмор на островот Принц Едвард.

„Бидејќи родителите беа со нас, си помислив дека нема да биде ништо од пијанки и забава. Отидов во продавница за работи на старо и купив неколку друштвени игри“, открива Крис за Seven News.

Во кутијата имало скриено шест дијамантски прстени со вкупна вредност од 18.000 долари. Крис вели дека останал шокиран. „Само стоевме и гледавме и се прашувавме дали е ова реално“, коментира тој.

Крис и Менди не успеале да го најдат првичниот сопственик на играта, па одлучиле да ги дадат прстените на проценка. Сфатиле дека нивната инвестиција од смешни два долари испаднала повеќе од исплатлива.