Славни

Скоро 100.000 њујорчани ѝ порачаа: „Меланија Трамп, оди си!“

Речиси 100 илјади жители на Њујорк бараат Меланија Трамп да се спакува и да си замине од градот, откако беше објавено дека идната прва дама ќе остане во градот сѐ додека на нејзиниот син не му заврши училишната година, јавува Индипендент.

Вообичаено претседателското семејство веднаш се сели во Белата куќа во Вашингтон, но овој пат тоа не е така. Тоа даночните обврзници во Њујорк ќе ги чини милион долари дневно за безбедносни трошоци.

Со петицијата граѓаните им кажуваат на гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо и на градоначалникот Бил де Блазио, дека не сакаат да ги плаќаат трошоците на сопругата на Трамп.

„Даночните обврзници на Њујорк одбиваат да плаќаат над милион долари дневно за таа да остане. Ако оваа одлука ја донеле тие двајца, тие нека си платат. А не даночните обврзници на Њујорк кои парите можат да ги употребат за улици, школи, превоз, спроведување здравствени мерки, нови работни места и други трошоци за градот. Тоа се нештата на кои се трошат парите на градот, за подобрување на градот и животот на неговите граѓани, а не само на еден“, се вели во петицијата.

Госпоѓа Трамп изрази желба да остане во Њујорк до крајот на пролетта или почетокот на летото, кога нејзиниот син Барон ќе си замине од приватното училиште на Менхетн за летните одмори.

„Меланија е многу блиска со Барон, а уште повеќе се зближија за време на кампањата“, изјавил извор за Њујорк пост.

А ако сопругата и синот останат во Њујотк, претседателот Доналд Трамп веројатно почесто ќе доаѓа да ги посети, што само ги зголемува трошоците за обезбедување.

Advertisements
To Top