Скинатиот македонски тапан стана хит во Европа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот навивач кој со својот дупнат тапан ги освои социјалните мрежи откако беше снимен на стадион како „тропа“ на него, продолжи и во градот, не се откажува.

Камерите го уловија македонскиот навивач на трибините на стадионот во Букурешт како продолжува да чука на тапанот кој го носи иако тој веќе е дупнат.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.

Но, уште пофасцинантно е што тој не се откажа од својот тапан и по натпреварот, и цела ноќ чукаше во Букурешт, овој пат низ улиците во стариот град.