Славни

Скарана-смирена и на крајот „в тавче“: Тарантино го кажа големото „ДА“

Американскиот режисер Квентин Трантино се вери со израелската пејачка Даниела Пик (33), со која порано беше во вреска, но поради кариерата ти се разделија пред осум години, јавија американските таблоиди.

Информацијата ја потврди и самата Даниела, која е ќерка на изразлескиот музичар Цвике Пик.

„Вистина е, двајцата сме среќни и многу возбудени“, рече таа.

Американскиот режисер (54) и Даниела Пик (33) врската ја почнаа уште во 2009 година. Тие се запознале во текот на посетата на Тарантино на Израел, каде го промовираше неговиот филм „Немилосрдни гадови“.

Два дена потоа Даниела го следеше на црвениот килим во Лос Анџелес, но романсата траеше кратко и недолго потоа се разделија.

Тарантино во разговор за списанието „Џи-Кју“ во 2009 година рече дека свесно ја жртвувал врската со Даниела за да се фокусира на својата кариера.

Во летото 2016 година повторно беа видени заедно, откако режисерот најави дека планира да се пензионира откако ќе ги заврши последните два филмови на кои работи.

Очигледно конечно дојде време и за сериозна врска. Ако таа се официјализира ќе тие тоа прв брак на Тарантино.

Advertisements
To Top