Home Вебкафе Тинејџерски касмет: Вака се станува милионер од ненамислено

Тинејџерски касмет: Вака се станува милионер од ненамислено

Еден жител на Њујорк стана милионер, откако непланирано решил да купи грепка за наградна игра.

Имено, додека чекал во сервис да му ги напумпаат гумите на неговиот автомобил, 19-годишниот Ентони Ајварон решил да купи грепка за побрзо да му помине времето.

Откако ја изгребал картичката, останал во шок кога видел дека освоил џек пот во износ од еден милион долари.

По добивањето на премијата Ајварон изјави дека решил да купи лоз во вредност од 10 долари, какви што редовно купувала неговата тетка.

Откако ќе го плати данокот на добивка, на Ајверон ќе му останат 662.000 долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Бекамови на Ибица покажуваат како изгледа совршениот опуштен летен стил

Ве молиме испратете го текстот што треба да се преведе на македонски јазик. …