Корисни совети: Бидете практични и избегнувајте го прејадувањето – еве како


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Понекогаш е тешко да се избегне прејадувањето. Дури и ако сте изеле здрави оброци по дома, се случува да сте излезени и да сте опкружени со брза храна која ќе ве фрли во искушение. Или пак и да се храните здраво, може да се случи да не можете да се сопрете со порциите.

Еве неколку стратегии со кои ќе си го подобрите здравјето и ќе го избегнете прејадувањето:

1) Оцет и цимет на оброците за да го контролирате шеќерот во крвта

Наместо шеќер, во храната и некалоричните пијалаци додавајте цимет, тоа ќе ја направи не само повкусна, туку и поздрава. Тука спаѓаат и кафето, смутијата, чилито и сл. На салатите, пак, додавајте оцет, кој е познат по тоа што го намалува гликемискиот индекс, што го прави метаболизирањето на храната побавно. Тоа значи дека го забавува движењето на храната од стомакот во цревата, што како резултат нè држи сити подолг временски период.

2) Јадете и кога не сте гладни

Наместо да чекате многу да огладните и да се прејадете, справете се со гладот пред тој воопшто да се појави. Дури и кога сте веќе јадени или сте малку гладни, јадете помали порции или здрави „грицки“ низ текот на целиот ден. Tоа ќе ви даде дополнителна енергија.

3) Пијте вода, не течни калории

Покрај заморот, дехидрацијата исто така може да предизвика чувство на глад. Течните калории во форма на џусеви или газирани пијалаци нема да ве заситат, туку ќе предизвикаат накачување на инсулинот. Затоа, избегнете ги ваквите пијалаци и пијте обична или газирана вода која на која може да и додадете вкус со лимон, јагоди или некое друго овошје. Исто така, пијте барем една чашка вода 20-минути пред секој оброк, што ќе допринесе до тоа да не се прејадете.

4) Јадете бавно

Кога ја голтате храната, ситоста од неа телото почнува да ја чувствува дури по 10-30 минути. Поради ова често се случува во тој период да изедеме повеќе храна од што всушност ние потребна, а колку побрзо јадеме, толку повеќе храна внесуваме. Решението за ова е секој залак да го џвакате барем 10 пати.

5) Имајте мали оброци помеѓу поголемите

Помеѓу поголемите оброци (доручек/ручек/вечера) грицкајте непржени/незасолени мешункасти плодови или јадете помали оброци (еден двопек и сл.). Причината што ова функционира за спречување на прејадувањето е тоа што го регулира „хормон на гладот“. За да ова функционира, храната мора да биде без интензивен вкус, а пред големите оброци барем еден час не смее да се внесува ништо освен вода.