СКАНДАЛ: Коментатор со жестоки навреди за Лајпциг


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Видео со скандалозна содржина на францускиот фудбалски коментатор Денис Билбар се појави на социјалните мрежи.

Станува збор за негов разговор со колегата Жан- Марк Ферари од телевизијата W9 после победата на Марсеј над Лајпциг во Лига Европа.

„Многу сум среќен што овие педери отпаднаа. Бидејќи беа арогантни во првиот меч. А колку само беа сигурни дека ќе продолжат. Гомнари…“, изјави Балбир.

Видеото се појави на социјалните мрежи и веднаш стана вирално, а од телевизијата се уште не излегле со официјален коментар.