Силните јужни ветрови ја искривија плажата Златни рат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Моќните јужни ветрови кои последниве денови роварат на далмациското крајбрежје малку ја подзакривија познатата плажа Златни рат.

Една од најпознатите хрватски плажи е популарна по тоа што во зависност од времето, го менува својот изглед, но многумина се изненадија кога врвот од плажата се искриви под влијание на силниот јужен ветер. Необичната глетка ја сликаше фотографот Рони Маринковиќ, а фотографиите ги објави на неговиот Фејсбук профил.

Фотографиите се направени на 29 октомври, ден после роварењето на моќниот јужен ветер, а за споредба објави фотографии од брачката плажа направени два дена претходно, на 27 октомври.