Си постигна автогол од 40 метри и тоа во борба за опстанок! (Видео)


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде!


Натпреварот помеѓу Дордрехт и Спарта Ротердам имаше навистина шокантен финиш, посебно за голманот на гостинскит клуб, Корсмит.

Спартa Ротердам водеше од 10 до 89 минута со 1:0, за потоа Спрингс во желба да интервенира си го постигна сигурно еден од најубавите автоголови во историјата – од 40 метри!

Ни самиот фудбалер не можеше да си поверува што направи, па само падна на тревникот, но имаше среќа бидејќи неговиот тим до крајот во последните моменти од натпреварот постигна гол за победа од 2:1.

Натпреварот беше посебно важен бидејќи беше плеј-оф за опстанок, а ова беше прв натпревар. Реваншот се игра на 13 мај.