Home Спорт Шукер не знае против кого играл во Франција ’98: „Ја победивме Италија“

Шукер не знае против кого играл во Франција ’98: „Ја победивме Италија“

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер, во очи вечерашниот натпревар на Хрватска против Русија, кој ќе се игра во Сочи, даде интервју за руската Ruptly.

Шукер зборуваше за самиот натпревар и за организацијата на првенството. Но, имаше и други изјави поврзани со хрватскиот фудбал.

„Ако ја потцените хрватската репрезентација, може да имате многу проблеми. Пред 20 години ние ги победивме Италија и Германија со 3:0. Многу добро ја држиме топката, а денес фудбалот е таков што голови постигнува оној кој повеќе ја држ топката во свој посед“, изјави Шукер, очигледно помешувајќи ја Италија со Романија, со која Хрватите играа во осминафинале на Светското првенство во Франција во 1998 година.

Русите ги „бомбардираше“ со пофалби за организацијата на овогодинешниот Мундијал.

„Фантастично првенство, фантастична организација. Браво Русија, браво руски народе. Знаете, секој ден се слушам со мајка ми. Сине, каква е храната? Каков е хотелот? Знаете какви се мајките, сакаат само најдобро за своите синови. Фала ви на сè, уживаме“, додаде Шукер на не баш добар англиски за рускиот канал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…