Што знае дете што се 308 км/час


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полицискиот службеник Кери Шмит останал без зборови и во шок кога кога на екранот добил фотографија на кој пишувало „308 км на час“. Прво помислил дека неговите колеги се шегуваат и дека со радарот за брзина го „снимаат“ авионот на блискиот аеродром.

Но, не, со таа брзина поминал Mercedes C63 AMG Coupe на автопатот каде што е дозволено 110 км на час. И да се влошат работите, се случи изненадување кога го запрел автомобилот.

Зад воланот бил 19-годишен млад човек, кој го „позајмил“ моќниот Mercedes од своите родители. И ова не било прв пат да ги крши правилата и да ги стави во опасност другите возачи. Му била одземена возачката дозвола, а тој е обвинет за улични трки и опасно возење. Автомобилот е запленет на најмалку седум дена.

Шмит го коментираше случајот: „Ова е неверојатно. Тоа е неодговорно однесување и се надевам дека лицето уште долго време нема да добие можност да вози автомобил“.

За овие престапи, тој се соочува со парична казна до 10.000 американски долари, губење на дозволата до две години и затвор до десет години.