Што мислите, дали е можен Мундијал без Роналдо, Бејл, Видал? И тоа како е можно!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Половина од квалификациската фаза за Светското првенство во Русија е зад нас, па време е да се направат првите пресметки и да се види кому сè му „виси“ учеството на најпрестижното фудбалско натпреварување на светско ниво.

На прв поглед нема дилеми – најубаво им е на навивачите на Германија и Швајцарија, репрезентации кои ги имаат сите пет победи во воведните пет натпревари и кои резултатски прикажаа најдобар фудбал досега. Секако, и репрезентациите кои се лидери во своите групи, како Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Полска, Англија и Белгија се задоволни од моменталната состојба која им влева оптимизам дека можат да се пласираат за Русија.

Но, од друга страна, тоа не можеме да го кажеме за Холандија, која е на добар пат да пропушти едно големо натпреварување како Светското првенство. Бламажата во Бугарија пред неколку дена (пораз од 2:0) и смената на Дени Блинд сигурно ќе ги оддалечи од Русија, а овде ви ги пренесуваме сите фаворити кои се во опасност да го пропуштат Светското фудбалско првенство следната 2018 година.

ЕВРОПА

Групата А на прв поглед изгледа исклучително тешка: покрај Холандија, тука е и Шведска, која се бори за второто место зад неприкосновената Франција. Скандинавците, кои прв пат после 2001 се борат за пласман на големо натпреварување без Златан Ибрахимовиќ, моментално имаат три бода повеќе од Холандија.

Дури и ако една од двете споменати селекции биде второпласирана, нема гаранции дека може да се пласира во баражот против второпласираниот од некоја друга група.

Светското првенство без европскиот шампион? И тоа е апсолутно можно: во групата Б Португалците се второпласирани зад Швајцарија. Лидерот е исклучително моќен, нема загубено ниту бод во квалификациите, а во директниот дуел ги победија Португалците со 2:0, што е опомена за Роналдо и компанија да се поправат, инаку можат слободно да си резервираат летен одмор наредната 2018 година.

Фрка има и во групата Д, каде Велс и Австрија се борат за пласман во Русија, но проблем им е податокот дека Србија и Република Ирска се одовија на чело на табелата со четири бода предност. Еден од најдобрите на светот, Герет Бејл, се обидува да ги одведе Змејовите на Мундијалот после точно 60 години, но тој план уште виси во воздух. Слична судбина може да ги снајде и Давид Алаба и Австријците.

Тесно е и во групата Г, каде светскиот шампиони од 2006, Италија, и Шпанија водат битка за првото место. Азурите се моментално втори и сè води кон тоа дека во септемврискиот дуел двете реперезентации ќе одлучат за тоа која од нив ќе лета во плеј-оф.

Ни Турција нема добри изгледи да се пласира во Русија. Селекцијата е дури четврта во својата група, зад Украина и сензацијата Исланд, како и лидерот Хрватска. Во слична неизвесност се и Данска, Босна и Херцеговина, Шкотска, како и Унгарија, Романија и Чешка, па и Грција. Сите тие и тоа како „висат“ за Русија, а ако мислите дека Давид Алаба и споменатите се единствените кои Светското можат да го гледаат на ТВ екраните, се лажете. Има уште.

АФРИКА

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг исто така е во опасност со својот Габон да ја пропушти Русија, бидејќи од Африка само првопласираните екипи од секоја група одат на Мундијал. Обамејанг и неговиот тим се зад Брегот на Слоновата Коска, а се наоѓаат во тешка група со Мароко и Мали, што пласамнот за Габон во Русија го прави речиси невозможна мисија.

И шампионот на Африка, исто така, стравува за пласман. Камерун се наоѓа на четири бода зад лидерот Нигерија во групата во која уште една екипа стреми кон врвот – Алжир. И двете репрезентации можат да останат без Русија, а со оглед на екипите кои ги имаат, тоа би било катастрофа.

ЈУЖНА АМЕРИКА

Кај нив е друг систем, сите репрезентации се во една група. Првите четири одат директно во Русија, а петтопласираниот го очекува бараж со победникот од Океанија.

Моментално најтешко им е на шампионите на Јужна Америка. Артуро Видал и Чилеанците се шести во моментов и според моменталната позиција испаѓаат од игра за Мундијалот. Инаку, квалификациите во Јужна Америка се исклучително тесни, па така има случај кога третопласираната Аргентина има само два бода повеќе од шестопласираниот Чиле. А меѓу нив се Колумбија и Еквадор.

Фактички, само лидерот Бразил е сигурен патник во Русија, останатите од второ до шесто место ќе треперат во последните пет кола.

ОСТАНАТИТЕ

И на Јенките им е тесно за во Русија, бидејќи моменталното четврто место кое го држат им носи само пласман во баражот. Сментата на Јирген Клинсман ги даде првите резултати, победен е Хондурас со 6:0, но проблем е што Американците моментално на табелата се зад малата Панама, односно лидерите Мексико и Костарика.

А што да се каже, пак, за домаќинот на Светското првенство во 2022? Катар со само четири бода од шест натпревари е убедливо последен во својата група, а колку се слаби сведочи и фактот дека пред нив се фудбалски малите земји Узбекистан и Сирија. Реално, никогаш не би виделе Мундијал, да не беа доволно богати за да го организираат за пет години.