Што ќе рече кралицата: Девојката од принцот Хари нема проблем со орално задоволување в кола


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Снимањето на секс сцени очигледно не е проблем за новата девојка на принцот Хари. Имено, откако се откри дека Меган Маркл е нова љубовница на британскиот принц, детали од нејзиниот приватен и професионален живот веднаш почнаа да ги полнат новинските страници.

Така, неодамна, странските медиуми објавија сцени од римејкот на Beverly Hills 90210 од 2008 година, во која Меган ја глуми Венди, девојката која орално го задоволуваше Итан, игран од Дастин Милиган, на предното седиште од автомобилот.

Меган веднаш се најде во центарот на медиумското внимание кога протече информацијата за нејзината врска со Хари, со кого беше видена на венчавката од неговиот пријател на Карибите.

Имајќи во предвид дека некое време се шушка оти прашање на денови е кога Хари ќе клекне да ја побара за сопруга својата девојка, ќе биде интересно што ќе рече на тоа кралицата Елизабета II, од која, по закон, мора да побара дозвола за тој чекор.