Што ќе кажат навивачите? Мурињо жестоко го нападна легендарниот Сколс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После победата над Евертон синоќа, Жозе Мурињо малку зборуваше за натпреварот, но ја искористи шансата за жестоко да го нападне легендарниот Пол Сколс.

Сколс е стручен коментатор на „Скај Спорт“ па често упатува критики на стилот на играта на Јунајтед и на најскапата ѕвезда од тимот, Пол Погба.

Минатата недела Сколс за Погба изјави: „Тој не е играч кој што може сам да ги решава натпреварите. Поради тоа сметам дека не вреди 100 милиони“.

Французинот синоќа против Евертон одигра одличен меч, па Мурињо не пропушти шанса да му одговори на Сколс.

„Пол Сколс знае само да критикува. Во историјата тој ќе биде запишан како фантастичен фудбалер. Но не и како аналитичар. Не мислам дека Сколс коментира, тој само критикува, а тоа е различна работа“, изјави Мурињо.

„Тој беше фантастичен фудбалер, но не значи дека сите ние треба да бидеме такви. Понекогаш Погба игра многу добро, понекогаш игра добро, понекогаш не игра добро. Но секогаш го дава најдоброто од себе. Не е Погба крив што прави повеќе пари од Пол Сколс. Тоа не е вина на Погба, едноставно таков е фудбалот денес“.

„Доколку Сколс одлучи да биде тренер еден ден, му посакувам да биде 25% успешен како мене. Јас имам 25 трофеи, па 25% е околу шест трофеи. Доколку биде 25% успешен како мене тој ќе биде среќен“, заврши „Специјалниот“.

Сколс е миленик на навивачите на Манчестер Јунајтед, па останува да видиме како ќе реагираат после ова и дали ќе застанат на страната на Мурињо.