Што е толку посебен: Овој фустан од Меланија чини 2.300 долари, а веќе е распродаден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мосле летниот одмор во Мористаун, Меланија Трамп во Вашингтон се врати облечена во фустан од шпанската модна куќа Delpozo, кој го привлече вниманието на будните демначи од модните кругови.

Белиот фустан со жолти и беж детали одлично стоеше на американската прва дама, нагласувајќи ја незината половина и фантастичната фигура. Откако фотката од Меланија на која е облечена во овој фустан се појави во јавност, летното модно парче кое чини околу 2.300 долари беше веднаш распродадено, пишува Refinery 29.

Иако Меланија на почетокот од претседателскиот мандат од Трамп имаше проблеми со пронаоѓање на дизајнер кој ќе се грижи за нејзиниот моден избор, изгледа дека модните креатори отсега ќе се борат кој да ја има честа да ја добие таа улога.