„Не ми пречи што бакнуваше друга девојка“: Еве што прават разузданите Британци на Зрче


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ВВС почна да емитува документарец за младите Британци кои одат на летен одмор, лумперај, аздис и журка на Зрче, со наслов Croatia 2017: The Brits Are Coming.

Емитувани се две епизоди кои ги следат пријателите Џоел, Џордан и Лук од Бристол, потоа Кетрин и Шенон од Шкотска, Шон и Џорџ од Фолкстоун и четворката диџеи Адам, Нејтан, Кери и Арон. Сите тие имаат една иста цел – да се забавуваат.

Во средата беше прикажана втората епизода од одговорот на ВВС на популарното реално шоу Love Island и веќе може да се заклучи дека гледачите имаат што да видат во текот на емитувањето на шоуто. Џоел и Џордан се запознаа со група девојки од Австралија, а Џоел се бакнуваше со една од нив кога се сретнаа надвор.

Откако го бакна Џоел, Австралијката се сврте и ја бакна и својата пријателка. „Не ми смета тоа, само ми покажува дека е со отворен дух и дека сака да се забавува“, вели младиот Британец кому тоа требаше да му биде последна ноќ на Зрче пред да лета назад во својот крај, но тој со екипата го пропушти летот бидејќи се успаа. „Не ми пречи што го пропуштивме летот, тука ја поминав најдобрата ноќ во мојот живот. Ќе се обидеме да го најдеме Лук за кој уште не знаеме каде е, па ќе видиме што понатаму“, заклучи тој.

Во исто време, Кетрини Шенон стигнаа на задарскиот аеродром и со такси тргнаа кон Зрче.

Младите диџеи, пак, изнајмија вила на Зрче, а Tinder го користат за да најдат девојки додека се таму. „Мислам дека соседите не нè сакаат баш многу, но ние сме диџеи и сакаме музика“, велат тие.