Шпански Sport: ЕВЕ ЗОШТО Оливер досуди пенал за Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Препукувањата и реакциите на социјалните мрежи од двата табори навивачи, оние на Јувентус и оние на Реал Мадрид, и понатаму продолжуваат да ја зовриваат атмосферата на интернет после досудениот пенал за „кралевите“ на 30 секунди од истекувањето на регуларниот тек од дуелот во рамки на Лигата на шампионите.

Судијата Мајкл Оливер досуди удар од белата точка во последните секунди од судиското надополнување во корист на Реал, па Кристијано Роналдо со голот кој го постигна го одведе „Кралскиот клуб“ во полуфиналето иако во Мадрид загубија со 1:3.

Италијанците, очекувано, „урлаат и грмат“ преку своите медиуми за односот и досудениот пенал во корист на „Кралскиот клуб“, но уште погласни од нив се каталонските медиуми.

Sport.es кoј важи за медиум близок до Барселона, на своето онлајн издание ја откри „мистеријата“ зошто Оливер досудил таков пенал во корист на Реал Мадрид.

Имено, неговата сопруга Луси Оливер е голем љубител на главниот град на Шпанија, а сето тоа е поткрепено и со фотографии на социјалната мрежа Твитер, каде позира заедно со својот сопруг. Најголеми реакции сепак предизвика нејзината фотографија на „Сантијаго Бернабеу“, стадионот на Реал Мадрид, што беше доволно за навивачите на Јувентус да започнат нова лавина на теории на заговор.