Шпанска серија на австралиско тло: Повторно побаран притвор за Ѓоковиќ – визата пак му е укината


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Министерот за имиграции, Алекс Хоук реши да му ја укине визата на Новак Ѓоковиќ и тој да биде депортиран од Австралија. Адвокатите на Ѓоковиќ веднаш поднесоа жалба до судот и конечната разврска треба да се случи најдоцна до недела.

Адвокатите на Ѓоковиќ побараа судот брзо да делува поради почетокот на Австралија опен кој е закажан за понеделник. Секое одложување би било губење драгоцено време.

Државниот правен застапник, Стивен Лојд кој присуствуваше на денешното рочиште, рече дека министерот нема да бара депортација додека не заврши судењето. Но побара Ѓоковиќ да се врати во притвор . Тој рече дека Новак треба да биде однесен во хотелот за мигранти и истакна дека таму има просторија каде можат да го посетат адвокатите и заедно да работат на случајот.

Адвокатот на Новак Ѓоковиќ, Ник Вуд рече дека ги имаат истите барања како и претходниот пат, да се укине одлуката за укинување на визата и Новак да биде ослободен. Тие барањето официјално ќе го поднесат вечерва до 22:15 часот по локално време.

Ѓоковиќ утре во 8 часот по локално време треба да биде сослушан во судот.