Славни

Шокантно интервју: Стерн – „Многу си секси“, Меланија Трамп – „Речиси сум гола!“

Како прва дама на САД, Меланија Трамп е под константна лупа од јавноста, но со оглед на тоа што со години е во брак со донеодамна контроверзниот бизнисмен и медиумска ѕвезда, а од скоро и контроверзен претседател на САД, Доналд Трамп, нејзиното искуство со медиумите не е занемарливо.

Додека нејзиниот сопруг има лош однос со медиумите, означувајќи сè што ќе прочита, чуе и види, а што не му се допаѓа, како лажна вест, Меланија отсекогаш била склона кон подобра комуникација со инвинарите и пред нив откривање на приватни детали од својот живот.

Најеклатантен пример за тоа е телефонското интервју кое таа и Доналд го дадоа во 1999 година за радиоводителот Хауард Стерн, кое одеше во живо, па не беше можно дополнително уредување. Вистински гостин беше Трамп, кого Стерн во еден момент го замоли да му ја даде на телефон „таа женската од неговиот кревет“, реферирајќи на тогашната девојка на Доналд, а подоцна и сопруга, Меланија.

Трам без проблем ги поврза, а Стерн почна: „Ти си толку секси, ги гледав твоите фотографии. Не можам да верувам, ти си сон. Да ти кажам една работа, сакам да го облечеш најсексапилното нешто што го имаш. Што ќе облечеш?“

„Ох, во ред. Нема да ти кажам. Ќе видиш“, со лош англиски му одговори Меланија.

Кога Стерн продолжи да ја испрашува Меланија што носи на себе, таа му одговори: “Па, не баш многу. Речиси сум гола“.

Потоа тој ја распрашуваше Словенката за сексуалниот живот со Трамп. Таа без нималку срам одговори дека сексот им е „супер, супер“, како и дека се сексаат повеќе од еднаш дневно. Призна дека никогаш не земала пари од неговиот паричник, но не сакаше да каже дали ќе се омажи за Трамп.

Еве го целото интервју кое можете да го чуете на снимката подолу.

To Top