Сеизмолозите потврдија: Голот на Серхи Роберто предизвика земјотрес!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона, во средата, направија историски резултат во Лигата на шампионите, надоместија негатива од 0:4 и со победата од 6:1 се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Голот на Серхи Роберто ги фрли во делириум навивачите кои со својата реакција предизвикале вистински земјотрес, потврди Сеизмолошкиот завод на Шпанија.

Последните седум минути од натпреварот на „Камп Ноу“ влегоа во фудбалската историја, Барселона избори четвртфинале, а последниот гол кој го постигна Серхио Роберто, предизвикал вистински земјотрес кој е регистриран на Рихтеровата скала.

„Прославата на голот предизвика благ земјотрес“, потврди Џорди Дијас од Сеизмолошкиот завод на Шпанија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на стадионот „Камп Ноу“, но успехот кој го оставрија фудбалерите на Барселона подолго ќе го тресе фудбалскиот свет.