Шокантна вест: Се самоуби култниот кулинар Ентони Бордејн


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Легендарниот лик на кулинарските документарни шоу емосии кој буквално го прошета цел свет и проба речиси сè што можеше да се проба од егзотичните кујни и вкусови, се самоуби на 61-годишна возраст.

„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и колега, Ентони Бордејн“, изјавија од Си-ен-ен, телевизијата на која тој во моментот ја работеше серијата Parts Unkown. „Неговата љубов за авантура, нови пријатели, добра храна и пиење, и неверојатните приказни кои ги кажуваше за светот го правеа уникатен раскажувач. Неговите таленти не престанаа да нè восхитуваат. Многу ќе ни недостасува“.

Бордејн во моментот на смртта бил во Франција и работел на нова епизода од наградуваната серија. Неговиот близок пријател Ерик Рипер, француски готвач, го пронашол мртов во хотелската соба во Стразбур денес (петок) наутро.