Шок во светскиот спорт: Се самоуби Кели Катлин – светската шампионка во велосипедизам


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во саботата, во Калифорнија, животот си го одзеде американската велосипедистка и актуелна светска шампионка во велосипедизам, 23-годишната Кели Катлин.

Катлин беше трикратна и актуелна светска првенка во велосипедизам во сала, а на Олимписките игри во Рио во 2016 година освои екипен сребрен медал. Дека станува збор за самоубиство потврдил нејзиниот брат.

Катлин беше шампионка во велосипедизам во сала во 2016, 2017 и 2018 година, а освен што била успешен спортист таа била и талентирана виолинистка. Студирала математика на престижниот американски унивезитет Стенфорд каде што и се самоубила.

Пред еден месец за порталот „Вело њуз“ напишала дека се бори со усогласување на професионалните и обврските на факултет и дека тоа сè повеќе ѝ претставува проблем.