Шмајхел бранел со скршена рака!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голманот на англискиот шампион Лестер, Каспер Шмајхел, еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени, откако се повреди на натпреварот со Копенхаген во Лигата на шампионите.

Имено Данецот еден час играл со фрактура на раката, а и успеа да го сочува својот гол со што на својот тим му донесе еден импресивен дефанзивен рекорд.

По овој меч Шмајхел и Лестер влегоа во историјата на Лигата на шампионите како прв голман и тим кои не примиле гол во првите четири натпревари во елитната лига.

Шмајхел ќе биде надвор од терените околу еден месец па ќе ги пропушти натпреварите против ВБА, Вотфорд и Мидлсбро во Премиер лигата и Бриж во Лигата на шампионите.