Home Спорт Сензација на УС Опен: 18-годишната Ема Радукану го освои турнирот

Сензација на УС Опен: 18-годишната Ема Радукану го освои турнирот

18-годишната Ема Радукану е сензационална победничка на УС Опен, откако во финалето со 2:0 ја победи Лејла Ани Фернандез.

Британката започна од квалификации, стигна до финале и таму беше супериорна па со 6:3 и 6:4 стигна до трофејот на УС Опен.

Последен пат британска тенисерка која освоила грен-слем турнир беше пред дури 44 години кога Вирџин Вејд победи во Вимблдон.

Нејзината соперничка, 73-рангираната Фернандез, исто така, имаше импресивен пат до финалето во Њујорк, елиминирајќи три тенисерки од топ 10 – Наоми Осака, Елина Свитолина и Арина Сабаленка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…