Home Шоубизнис Село гори, баба се чешла: Светот во паника од коронавирус – Меланија гради тениски павилјон

Село гори, баба се чешла: Светот во паника од коронавирус – Меланија гради тениски павилјон

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, првата дама Меланија Трамп, на нејзиниот Твитер профил сподели информации во врска со прогресот на изградбата на новиот тениски павилјон, дизајниран во класичен стил, а се гради на јужниот тревник од Белата куќа.

Павилјонот се гради за да се создаде нова област за рекреација за семејството на претседателот Трамп. Истиот е инспириран од класичната архитектура, што е во согласност со неодамнешната одлука на Трамп „повторно да ги направи сите федерални згради убави“, пренесува Порта3.

Во својот пост Меланија Трамп напиша: „Возбудена сум што ќе ги споделам вестите за напредокот на тенискиот павилјон во Белата куќа. Благодарам на талентираниот тим за нивната напорна работа и посветеност “.

Според проектот од 2019 година, новиот павилјон ќе биде изграден на местото каде сега се наоѓаат тоалетите и просторот за складирање, а новиот објект ќе создаде врска меѓу тениските терени и детската градина. Објектот е дизајниран во 1969 година од страна на Лејди Бирд Џонсон, сопруга на 36-от претседател на Соединетите Американски Држави, Линдон Б. Џонсон. Новиот павилјон ќе се наоѓа и во близина на Kitchen garden, чија изградба ја почна во 2009 година Мишел Обама.

Правоаголниот павилјон ќе има вкупна висина од 5,5 метри, а горниот дел ќе биде украсен со бакарен покрив. Во објектот ќе доминира централна аркада со четири дорски столбови. Аркадата ќе биде проширена меѓу две малку испакнати крилја кои ќе имаат стаклени врати. Од сите четири страни, зградата ќе ја краси кровен венец.
Иако екипата на архитекти кои работат на проектот не е позната за јавноста, се вели дека главната инспирација за дизајнот на павилјонот била симболичкото прикажување на Белата куќа, кое е многу препознатливо и за американската јавност и за остатокот од светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Со Грашо живееше во луксузен пентхаус, а сега Данијела со инспекторот живее во ваков дом

Данијела Мариновиќ веќе две години е во љубов со Јосип Плавиќ, поранешен криминалистички и…