Home Наука и техонологија „Селфи“ камерата на Reno од Oppo е сокриена на генијален начин

„Селфи“ камерата на Reno од Oppo е сокриена на генијален начин

Кинескиот производител на „паметни телефони“, Oppo, познат по бројните обиди еднаш засекогаш да се ослободи од дупчето за „селфи“ камера, има нова идеја: закосено позиционирана и сокриена „скокачка селфи камера“.

Серија протечени кадри, вклучително и видео, кои ги објави SlashLeaks, покажуваат дека наместо конвенционално сместена во дупче на екранот, „селфи“ камерата од Reno и блицот се сместени во подолга пластична испакнатина која се издига само од десната страна кога ќе се вклучи „селфи“ опцијата.

Освен формата, „скокачката“ камера на Reno е слична на останатите „скокачки“ камери – се појавува кога ќе ја вклучите апликацијата за „селфи“ камера и ја снемува кога ќе ја исклучите.

Предностите на овој пристап засега не се доволно јасни и дефинирани, но изгледа „кул“, нели?

Load More Related Articles
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…