Седум мита поврзани со вакцините против КОВИД-19 кои креваат паника меѓу луѓето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во време кога добар дел од земјите ширум светот, генерално, не знаат кој крај побрзо да го фатот во борбата против пандемијата на КОВИД-19, паралелно со таа шашма, се шири и голема параноја поврзана со вакцините против оваа болест. Меѓу сета таа паника, има неколку мита кои особено предизвикуваат недоверба, сомничавост и паника меѓу луѓето.

Мит 1: Може да ја изберете вакцината што ја сакате

Во моментов, во САД се одобрени три вакцини против Ковид-19, создадени од Фајзер-Бионтек, Moдерна и Џонсон и Џонсон.

Една од главните пречки за вакцинација кај многу луѓе беше разликата во ефикасноста помеѓу Фајзер-Бионтек и Moдерна, и Џонсон и Џонсон oд друга страна. Иако првите две вакцини имаат ефикасност од околу 95% во спречувањето на КОВИД-19, вакцините на Џонсон и Џонсон имаат успех од 66%.

Д-р Сваминатан, професорка на Медицинскиот факултет „Рутгерс Њу Џерси“ и раководител на клиничките истражувања за испитување на вакцината Модерна вели дека иако разликата е голема и апсолутно постои, сите вакцини се „исклучително ефикасни“ во спречувањето на тешки форми на КОВИД-19.

За жал, сè уште нема доволно вакцини за да може да изберете која вакцина ќе ја примите.

Специјалистот за инфективни болести Амеш А. Адаља, виш научник во Центарот за здравствена безбедност на Џонс Хопкинс одобрува одбивање на одредена вакцина доколку знаете дека сте алергични на некоја од состојките на вакцината, но смета дека претпочитањето на една вакцина пред друга само ќе го одложи времето на заштита од КОВИД-19.

МИТ 2: Вакцината предизвикува неплодност

За да разберете зошто ова не е точно, добро е да се прикаже како функционираат овие вакцини. Според Центарот за контрола и превенција на болести (CDC),Фајзер-Бионтек и Moдерна користат понова технологија наречена „messenger RNA“ (mRNA). Овие вакцини дејствуваат така што кодираат дел од шилестиот протеин што се наоѓа на површината на вирусот САРС-КоВ-2 кој ја предизвикува болеста Ковид-19. Вакцините mRNA користат делови од кодираниот протеин на СAРС-КоВ-2 за да се создаде имунолошки одговор на вашето тело. Потоа развивате антитела. Вашето тело на крајот го елиминира протеинот и mRNA, но антителата се задржуваат.

Вакцината Џонсон и Џонсон функционира како традиционалните вакцини. Таа користи аденовирус, кој обично предизвикува настинка и кој е модифициран со протеинот СAРС-КоВ-2. Кога примате вакцина, модифицираниот вирус се инфилтрира во вашите клетки, каде што патува до клеточното јадро. Аденовирусот потоа ја става својата ДНК во јадрото, вашата клетка го чита генот на шилестиот протеин и се копира во mRNA. Вашите клетки почнуваат да произведуваат протеини, кои вашиот имунолошки систем ги препознава. Ова предизвикува вашето тело да создава антитела.

Врз основа на објавите кои кружат на Фејсбук, се чини дека митот се заснова на неточни информации кои велат дека вакцината содржи протеин наречен синцитин-1, кој е поврзан со функцијата на плацентата, орган што го снабдува плодот со хранливи материи за време на бременоста.

„Но, тоа не е точно! Шилестиот протеин на САРС-КоВ-2 не е сличен со синцитин-1, а исто така нема докази дека блокирањето на протеинот синцитин-1 предизвикува дури и неплодност“. – тврди за „Хелт“д-р Шафнер, специјалист за инфективни болести и професор на Медицинскиот факултет на универзитетот Вандербилт.

Мит 3: Не треба да се вакцинирате ако веќе сте имале корона

Цeнтарот за контрола и превенција на болести (CDC) препорачува луѓето кои веќе имале КОВИД-19 да се вакцинираат против коронавирусот. „Луѓето може да размислат за одложување на вакцинацијата 90 дена по закрепнувањето од КОВИД-19, но не се апсолутно заштитени“, вели д-р Кулкарни, доцент за инфективни болести на Медицинскиот факултет Бејлор.

„Сè уште не е познато колку долго сте заштитени од повторното добивање на вирусот откако ќе се закрепнете од КОВИД-19“, објаснува д-р Шафнер. „Вакцината обезбедува поголема заштита со антитела од самиот вирус. – вели тој.

Мит 4: Не мора да носите маска откако ќе се вакцинирате

Центарот за превенција на болести неодамна објави упатства за целосно вакцинираните лица и изјави дека само тие што се вакцинирани и ревакцинирани можат да престанат да носат маски во затворено.

Сепак, од Центарот нагласуваат дека сè уште е важно да се носат маски во јавност и кога се собирате со невакцинирани лица од повеќе домаќинства, зашто засега е непознато дали можете да го пренесете вирусот на други лица после вакцинацијата и колку вакцините се ефикасни против сите варијанти на вирусот.

Мит 5: Вакцината ќе ви инјектира коронавирус

Експертите едногласно тврдат дека ова не е точно. „Биолошки е невозможно некоја од КОВИД вакцините да предизвика болест КОВИД-19“, вели д-р Кулкарни. „Исто така, вакцината не треба да даде позитивен тест на корона.

„Вакцините содржат или код што му помага на вашето тело да го создаде шилестиот протеин САРС-CoV-2, или тие содржат модифициран вирус со кодот на шилестиот протеин – ниту една вакцина не го содржи вирусот САРС-КоВ-2“.-вели д-р Адаља. „Единствениот тест на кој би биле позитивни е тестот за антитела.

Мит 6: Вакцините пристигнаа прерано за да бидат безбедни

„Вистина е дека никогаш не сме создале вакцина за пократко време“, вели д-р Сваминатан. „Но, овие вакцини поминаа низ истите ригорозни процеси како и сите други вакцини“.

Тој посочува дека сите вакцини против КОВИД-19 одобрени за употреба во САД, ја поминале строгата временска рамка на Управата за храна и лекови, која вклучува истражување и развој, претклинички испитувања, три фази на клинички испитувања и потоа одобрување од ФДА.

Важно е да се напомене дека технологијата mRNA постои со децении и претходно е проучувана кај грипот, вирусот Зика, беснилото и цитомегаловирусот. Но, никогаш претходно оваа технологија не била применета во вакцина одобрена од ФДА.

„Ништо сериозно не се појавило освен многу ретка анафилактична реакција кај луѓе кои имале претходни анафилактички реакции“, вели д-р Шафнер. Во случај да не сте запознаени со тоа, анафилактичката реакција е сериозна и потенцијално опасна по живот алергиска реакција.

Мит 7: КОВИД вакцината ќе ја промени вашата ДНК

„За да може нешто да ја смени вашата ДНК, мора да влезе во нуклеарната мембрана на вашите клетки“, објаснува д-р Адаља.

„Никој не е способен да го стори тоа. Вакцините дури не се приближуваат до вашата ДНК на клеточно ниво. Ова не е биолошки изводливо “, потврдува д-р Кулкарни.