20 приведени во врска со вчерашниот брутален инцидент во Струмица во кој група луѓе претепаа еден човек


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


20 лица се приведени во струмичката полициска станица во врска со инцидентот кој се случи вчера во казино во Струмица, а кој продолжи на улица каде поголема група луѓе брутално претепаа еден човек.

Видеото што беше објавено на страницата „Струмица онлајн“ ја вознемири јавноста. На снимката се гледа како поголема група луѓе со палки и тупаници тепаат еден маж.

Во инцидентот се повредени 2 лица, нанесени им се телесни повреди, но животите не им се загрозени.

Пред снимената тепачка , претходела и друга пресметка која започнала уште во казиното а која била иницирана поради тоа што еден од учесниците вознемирувал вработена во казиното, но и поради навреди на етничка база врз двајцата подоцна претепани жители на селото Баница.

Во моментов се прибираат и другите снимки од видео камерите за целосно да се расветли случајот.

Меѓу повиканите во полицијата за да даде исказ е и девојката која била вознемирувана.