Седум играчи на Сити можат да си заминат за џабе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити се соочува со голем проблем бидејќи на дури 7 фудбалер им истекува договорот на крајот на сезоната, а сеуште не потпишале нови договори.

Тоа значи дека сите овие фудбалери имаат право во јануари да преговараат со други клубови и да го напуштат „Етихад“ без обештетување.

Најголем проблем за Гвардиола може да претставува Фернандињо, кој е стандарден првотимец од почетокот на сезоната. Бразилецот има 31 години, беше стартер на сите 14 натпревари, но сеуште не потпишал нов договор со „граѓаните“.

Покрај Фернандињо тука се уште и резервниот голман Вили Кабаљеро (35), Бакари Сања (33), Пабло Забалета (31), Гаел Клиши (31), Јаја Туре (33) и Хесус Навас (31).

Се очекува Сања и Клиши сигурно да го напуштат клубот, како и Јаја Туре кој не е во добри односи со Гвардиола. Хесус Навас има солидна минутажа оваа сезона, но неговата иднина сеуште е нејасна.

Треба да се земе во предвид дека сите овие фудбалери имаат преку 30 години, а Манчестер Сити сака да ја подмлади екипата.