Се проценува дека овој ќе биде најскапо продаден автомобил на аукција во историјата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веднаш по завршувањето на снимањето на култниот филм „Куршум“, автомобилот Форд Мустанг кој култниот Стив МекКвин го возеше во филмот беше продаден преку оглас за 6000 долари.

Легендарниот автомобил оттогаш променил неколку сопственици за да заврши кај семејството Килкин каде бил и реставриран.

Сега овој Форд Мустанг модел 390 ГТ 2+2 од 1968 година е понуден на аукција и се очекува да биде продаден по рекордна цена.

Филмот „Куршум“ е познат по сцените од трките низ улиците на Сан Франциско. Славниот актер Стив МеКквин во филмот го вози фордот во многу тешки и опасни делници без каскадер.