Се откажало девојчето од приходи од 1,6 милиони евра годишно – незгодно ѝ било


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наследничката на холандскиот престол, принцезата Амалија, решила да се откаже од годишниот додаток во висина од околу 1,6 милиони евра во следните неколку години, на што таа има право кога ќе наполни 18 години во декември.

Принцезата му испратила писмо на холандскиот премиер Марк Руте во кое го известува за нејзината одлука. Таа вели дека ќе ги врати парите, кои ќе продолжат да пристигнуваат на нејзината сметка сè додека студира. Таа добива додаток од 300 000 евра што директно и припаѓа на неа и уште 1,3 милиони евра за покривање на трошоците за персоналот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Koninklijk Huis (@koninklijkhuis)

„Би се срамела да ги примам сè додека не можам да понудам доволно за возврат и сè додека знам дека им е многу потешко на другите студенти, особено во ова неизвесно време на пандемија“, напишала принцезата, пренесуваат холандските медиуми.

Принцезата ги поминала сите завршни испити во средно училиште минатата недела и сега планира да земе една година пауза пред да замине на универзитет. Холандскиот премиер и одговорил со честитки за завршувањето на средното училиште на Амалија и рекол дека ја разбира и цени нејзината одлука.

Овој потег на принцезата доаѓа во време на опаѓање на популарноста на холандското кралско семејство.

Родителите на Амалија, кралот Вилем-Александар и кралицата Максима, минатата година наишле на остри критики кога го одвеле семејството на одмор во Грција среде пандемијата. Семејството тогаш го прекинало одморот и побрзало дома заради незадоволството од јавноста.