Сампаоли: Не постои Барса, Севиља до смрт!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли стави точка на шпекулациите за можното преземање на Барселона следното лето.

Сампаоли прави чуда со Севиља оваа сезона и од овој тим направи сериозен кандидат за титулата, а притоа е на добар пат да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Поради тоа шпанските медиуми него го истакнаа како кандидат број еден за наследник на Луис Енрике во каталонскиот клуб.

„Заминување во Барселона? На тоа прашаење немам одговор бидејќи не постои такво нешто. Не знам што се шпекулира, но во овој дел од сезоната нема смисла да се дискутира за тоа. Поврзан сум со проектот Севиља до смрт“, јасен беше Аргентинецот.

Неговата Севиља синоќа го победи Билбао со 1:0 и моментално е трета на табелата со само два бода помалку од Барселона.