Интер сака да ја „распарчи“ Рома: Полсе Манолас, купува уште една ѕвезда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна медиумите во Италија потврдија дека Интер се договорил со дефанзивецот на Рома, Костас Манолас и дека тоа ќе биде првото летно засилување за „нероаѕурите“.

Наводно Манолас веќе постигнал договор со миланскиот клуб и одбил да потпише нов договор со Рома, па „волчицата“ ќе биде приморана да го продаде.

Наводно Интер понудил 45 милиони евра за потписот на грчкиот репрезентативец, сума која ги задоволила апетитите на „волчицата“.

Денес „Газета дело Спорт“ тврди дека главна цел за засилување на средниот ред на „нероаѕурите“ ќе биде играчот на Рома, Кевин Стротман.

Весникот тврди дека Интер на Стротман ќе му понуди 5-годишен договор според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона, а за неговиот потпис е спремен да и плати на Рома 45 милиони евра.

Холанѓанецот ја пропушти минатата сезона поради повреда на коленото, но оваа сезона целосно е рехабилитиран и пружа одлични партии, па без сомнеж би бил големо засилување за „нероаѕурите“.