Само еден ден после „оригиналот“: Екстра гол на „босанскиот Роналдо“ со ножички


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Акробатскиот гол на Кристиано Роналдо кој го постигна во победата на Реал Мадрид против Јувентус од 3:0 деновиве е главна тема во европскиот фудбал.

Поради епските ножички и голот кој сигурно вечно ќе се памети му аплаудираа и навивачите на Јувентус и тоа сосема заслужено.

Но, само еден ден по голот на Роналдо еден фудбалер од Првата лига во Федерацијата – второ по ранг натпреварување во Босна и Херцеговина постигна сличен погодок.

Сепак, втората лига во БиХ не е четвртфинале во Лигата на шампионите, а ниту Антонио Видовиќ (стрелецот на голот) не е Кристиано Роналдо, па неговите навистина прекрасен гол не привлече толкаво внимание.