Руските и белоруските тенисери ќе можат да играат на УС Опен под еден услов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тенискиот сојуз на САД и организатор на УС Опен, последен од грен слем турнирите во сезоната кој се игра во Њујорк, нема да го следат потегот на Вимблдон.

Тие решија да ги примат руските и белоруските тенисери, а единствениот услов кој им го поставија е да се пријават под неутрално знаме.

Бранител на грен слем турнирот кој стартува на 29 август е Медведев, кој во ланското финале го доби Ѓоковиќ.