Home Вебкафе Руски сточар убил примерок од едно од најретките животни на планетава

Руски сточар убил примерок од едно од најретките животни на планетава

На далечниот исток од Сибир, блиску до Хабаровск, руски сточар убил сибирски тигар, едно од најретките животни на планетава кое го иам во помалку од 500 примероци.

Животното влегло во шталата и ја нападнало неговата крава, по што човекот стрелал во реткото животно. Тигарот прво ја нападнал кравата, а потоа се нафрлил и врз човекот, сведочи Русинот. Сибирскиот тигар инаку е строго заштитено животно кое живее на мало подрачје меѓу Русија, Кина и Северна Кореја.

Се проценува дека преживеале помалку од 500 примероци од ова животно. Поради ловокрадците , властите го проверуваат секој поединечен случај на убиство на сибирскиот тигар.

Овие животни се барани поради крзното, забите и другите органи. На денеска убиениот тигар му недостигале карактеристичните заби , така што селанацот е однесен на распит во полиција.

Последниот случај на убиство на сибирски тигар во самоодбрана во тој регион се случил во 2012 година.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

„Жена што не носи парфем нема иднина“

Легендарната француска модна креаторка остави белег во цела епоха и ја доближи модата и лу…