Home Спорт Руни донесе конечна одлука за својата иднина!

Руни донесе конечна одлука за својата иднина!

Изминатите денови главна тема на Островот беше иднината на Вејн Руни, за кого медиумите тврдеа дека до крајот на неделата ќе се пресели во Кина.

Денес капитенот на Манчестер Јунајтед преку кратко соопштение стави крај на сите шпекуалции и потврди дека ќе остане на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната.

„И покрај интересот за мене кој беше покажан од други клубови, на кои сум им благодарен, сакам да ставам крај на шпекулациите и да кажам дека останувам во Манчестер јунајтед“, истакна Руни.

„Се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот во борбата на четири фронта. Ова е еден возбудлив период во клубот и сакам да останам дел од него“, додаде напаѓачот.

Со тоа, искусниот напаѓач ги реши сите дилеми во врска со својата иднина, но и ги прекина шпекулациите дека до крајот на март ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се пресели во Кина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…