![FBL-EUR-C3-VILLARREAL-ROMA](https://www.taratur.com/wp-content/uploads/2017/02/24.03musak.jpg)
Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓
Италијанскиот гигант Милан на лето ќе претрпи голема реконструкција бидејќи новите сопственици спремија значителен буџет и целта е да ги вратат „росонерите“ на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал.
Италијанските медиуми денес пренесуваат дека „росонерите“ веќе го договориле првото засилување за следната сезона, а станува збор за стоперот на Виљареал, Матео Мусакио.
Мусакио беше на радарот на Милан и минатото лето, но тогаш двата клуба не најдоа заеднички јазик околу цената, па трансферот не се реализираше.
Сепак, „росонерите“ не се откажаа од Аргентинецот, а извори блиски до фудбалерот потврдија дека веќе е постигнат комплетен договор и Мусакио ќе биде првото летно засилување.
Милан беше во потрага по квалитетен стопер кој ќе биде партнер на Ромањоли, а за потписот на Мусакиот ќе плати 25 милиони евра.