Home Спорт Роналдо запнал Ал-Наср да го направи „мини Реал Мадрид“

Роналдо запнал Ал-Наср да го направи „мини Реал Мадрид“

Во овој преоден рок Кристијано Роналдо направи изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија во редовите на Ал Наср.

Пребогатиот клуб го доведе Португалецот со богата понуда која тешко се одбива, меѓутоа медиумите пишуваат дека Роналдо ќе има влијание и во трансфер политиката на клубот.

Откако Роналдо потпиша за Ал Наср многу негови поранешни соиграчи од Реал Мадрид се поврзуваат со овој клуб.

Прво се пишуваше дека Ал Наср ќе се обиде да го доведе голманот Кејлор Навас кој го бранеше голот на Реал Мадрид во златната генерација на „кралевите“. Но, сега таа информација се дополнува со најавата дека Ал Наср ги сака Серхио Рамос, Пепе и Марсело.

Рамос и Навас се во ПСЖ, Пепе и игра одлично во Порто, додека Марсело во залезот на кариерата е во грчки Олимпијакос.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…