Уапсен украинскиот заменик-министер за инфраструктура – среде војната со Русија зел мито од 400.000 долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Украинскиот заменик-министерот за инфраструктура Васил Лозински е уапсен поради сомнение дека зел мито од 400.000 долари.

По приведувањето тој е сменет од функцијата и покрената е интерна ревизија откако медиумите објавија дека наводно бил потпишан договор со „надуени“ цени.

„Кабинетот на министри на Украина нареди В.М. Лозински да се разреши од должноста заменик-министер за развој на заедницата, територијата и инфраструктурата во Украина“ – напиша на Телеграм украинскиот премиер Денис Шмигал.

Истрагата што ја отворила Националната канцеларија за борба против корупцијата на Украина открила дека се проневерени јавни пари издвоени за алтернативни извори на енергија во текот на зимските месеци.

Лозински е осомничен дека го примил митото за да овозможи потпишување договор за купување опрема и генератор по нереално висока цена од 7,6 милиони долари.

Апсењето и неговата смена доаѓа во период кога Украина се соочува со недостиг на електрична енергија поради руските гранатирања на енергетската инфраструктура.