Спорт

Роналдо преку WhatsApp го советува Нејмар: Правиш грешка!

Иако звучи по малку неверојатно, но шпанските медиуми пенесуваат дека ѕвездата на Реал, Кристиано Роналдо го советува Нејмар да не заминува од Барселона.

Овие денови тема број еден во сите медиуми е евентуалниот трансфер на Нејмар во ПСЖ, кој е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 222 милиони евра.

Со заминувањето на Нејмар сигурно е дека Барселона ќе изгуби многу, но и покрај тој факт Кристиано Роналдо го советува Бразилецот да остане на „Камп Ноу“.

„Дариогол“ пренесува дека Португалецот му испратил порака на Нејмар преку WhatsApp и го советува да остане во Барселона.

„Одиш од голем клуб во помал. Можеби сега тоа делува примамливо, но ќе направиш голема грешка“, гласела пораката на Роналдо.

To Top