Роналдо испадна многу разгален и нежен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо неодамна потпиша договор со Манчестер Јунајтед. Славниот фудбалер со семејството најдоа нова вила за живеење, но по една недела се преселија во друга куќа.

Роналдо се пресели со својата партнерка Георгина Родригез и децата бидејќи им пречела бучавата што ја создаваат овци, пишува The Sun. Тој, исто така, се плашел за сопствената безбедност.

„Иако имотот е прекрасен и се наоѓа помеѓу многу полиња и шуми, во близина има овци кои се многу бучни рано наутро. Има и јавна пешачка патека и пат со поглед на влезната врата. Роналдо е вистински професионалец на кого му треба квалитетен одмор и закрепнување по игрите, па заклучи дека е најдобро за него и неговото семејство да се преселат “, рекол изворот.

Нивниот нов дом имал базен, кино и гаража каде можат да се паркираат четири автомобили. Имотот е обезбеден и со камери за надзор и електрична влезна врата и е под постојан надзор.