Home Шоубизнис Роџер Федерер е првата жива личност чиј лик ќе се најде на швајцарски монети

Роџер Федерер е првата жива личност чиј лик ќе се најде на швајцарски монети

20-кратниот Грен Слем шампион, Швајцарецот Роџер Федерер, ќе стане првата жива личност чиј лик ќе биде прославен на метална монета во неговата родна земја.

Официјалната државна ковачница на метални монети во Швајцарија, „Свисминт“, лоцирана во главниот град Берн, во јануари следната година ќе пушти во оптек специјална сребрена монета од 20 швајцарски франци со ликот на Федерер.

Во план се во мај, истата година, да пуштат во оптек и специјална златна монета од 50 швајцарски франци со ликот на тенисерот.

„Ви благодарам Швајцарија и Свисминт за оваа неверојатна чест и привлилегија“, изјави 38-годишниот Федерер кој во моментов се наоѓа на третото место од светската АТП листа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …